Loading Video...
Ракомет
30. September 2020 - 19:58

Металург и Е.Пелистер утре ќе ги дознаат групите од Лига Европа

Металург е поразен со 21-20 во реваншот од второто квалификациско коло за Лига Европа но победата во Скопје од два гола разлика го однесе во групната фаза на новоформираното натпреварување.

            Очигледно е дека нашиот претставник може повеќе но сепак против Кринс покажа карактер и во најтешките моменти кога противникот  дојде до предност од три гола во последните десет минути .

            Сето тоа дојде како резултат на бројните грешки и нереализирани шанси. Сепак кога беше најпотребно металурзите одиграа присебно и тоа ги доведе до посакуваниот резултат и големата радост да се игра долго во Европа и тоа мошне квалитетен ракомет.

            За тоа говори и составот на групите од кои утре во Виена ќе бидат извлечени противниците во групната фаза за Металург и Еурофарм Пелистер. Тука се германските бундеслигаши Рајн Некар, Фуксе Берлин и Магдебург. Потоа шпанскиот Адемар Леон, поранешниот европски првак Монпеље и други.

            Еурофарм Пелистер обезбеди директно учество и ќе биде извлечен од третиот шешир  додека Металург е во шестиот. Ќе бидат формирани четири групи со по шест екипи со тоа што екипи од иста земја ќе бидат во различна група.