„Метал-Нет" и „Квалитет-Пром" станаа мнозински сопственици на „Агрокуманово"
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 84-тата седница донесе Решение со кое се утврдува за успешна заедничката понуда за преземање акции издадени од „Агрокуманово" АД Куманово, а дадена од „Метал –Нет" ДОО увоз-извоз Куманово и „Квалитет – Пром" ДООЕЛ Куманово. Врз основа на оваа понуда, преземачите се стекнаа со вкупно 14.702 обични акции и заедно со 10.756-те акции што веќе ги поседуваа, располагаат со вкупно 25.458 обични акции.
Ова, како што соопшти КХВ, претставува учество од 99,62 проценти од вкупниот број на обични акции издадени од „Агрокуманово" АД Куманово. На овој начин „Метал –Нет"ДОО увоз-извоз Куманово и „Квалитет – Пром" ДООЕЛ Куманово го исполнија условот за најмалата количина на обични акции издадени од „Агрокуманово" АД Куманово која требаше да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна.
Во соопштението се наведува дека преземачите се обврзаа да ги откупат сите хартии од вредност издадени од „Агрокуманово" АД Куманово по цена од 2.190 денари на кои се однесуваше понудата.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура