Мета: Ги одложив изборите за да спречам граѓански конфликт
Албанскиот претседател Илир Мета пред парламентарната анкетна комисија откри неколку детали кога станува збор за информациите кои ги добил од безбедносните структури за можни немири на протестот на опозицијата на 8 јуни.
Затоа неколку часа пред почетокот на протестот ги одложил изборите по што дошло до намалување на тензијата меѓу приврзаниците на опозицијата и полицијата.
-Тајна и класифицирна информација даваше до знаење дека одредени лица ќе го злоупотребат протестот на 8 јуни, да го запалат Парламентот. Секако ова е една нова информција во тој првец, но доверлива, рече Мета.
Додаде дека тензиите нема да предизвикале судири и повредени само меѓу демонстранти и полицајци,туку тоа можело да прерасне во општ граѓански конфликт со несогледливи последици.
Рече дека е подготвен оваа информација да ја стави во функција на комисијата, но само откако ќе добие дозвола од надлежните безбедносни структури и откако ќе се провери дали членовите на комисијата имаат безбедносни сертификати.
Мета посочи дека изборите можело да се одржат во текот на јули, зашто и тој се залагал тоа да биде што побрзо, но оти постоеле две главни причини зошто тоа не се реализирало.
Спред него тоа се „тврдоглавоста на премиерот Еди Рама да не се менува 30 јуни како ден на избори и второ тврдоглавоста на лидерот на опозициската Демократска парија, Љуљзим Баша да седне на иста маса со Рама“.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор