Месото кое без царина било увезено од Канада и Бразил е безбедно за јадење
Увезеното месо од Канада и Бразил е безбедно за употреба тврдат од АХВ. Откако во јавноста излегоа информации дека скопска фирма увезла 50 шлепери месо кои без царинење завршиле на пазарот. Од Агенцијата велат дека со ова е нанесена финансиска штета на буџетот. Но сепак пратките замрзнато говедско и свинско месо ги поминале сите контроли за квалитет, и нема опасност по здравјето на граѓаните.
Од Царинската управа потврдуваат дека се води истрага и не откриваат за колку е оштетен буџетот. Ниту пак кажуваат како дозволиле фирмата да внесе 1200 тони месо без да ги подмири царинските давачки. Според проценките на АХВ пак станува збор за околу милион евра заостанати обврски.
Ве информираме дека Царинска управа во соработка со Финансиска полиција води предистражни постапки и по утврдувањето на сите потребни факти и комплетирање на документацијата ќе поднесе соодветни пријави.
Во интерес на истрагата во овој момент не сме во можност да дадеме било какви други информации.
И од финансова полиција велат дека повеќе детали не можат да се откријат во интерес на истрагата.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар