Месноста Ормански поток во Берово исчистен од наносен материјал
Во Берово се спроведе акција за чистење на месноста Ормански поток. Активноста, како што информираше Билјана Каламадевска од општина Берово, се реализира во согласност со програмата за чистење на природни водотеци во беровскиот регион.
– Согледувајќи ги реалните потреби и состојбите на водотеците, во соработка со Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ Берово, се спроведе акција за чистење на дел од Ормански поток. Чистењето од наносен материјал и вегетација, на овој природен водотек, се врши со цел спречување на излевањето на водата надвор од коритото и заштитата на семејните имоти и куќи од поплави, како и заштита на улицата, истакна Каламадевска.
Преку издвојувањето средства за реализација на вакви превентивни проекти, додава, Општина Берово ќе продолжи да придонесува во услови на обилни врнежи, можностите за поплави на објекти и имот во Берово и околината да бидат намалени на минимум.
Претходно со ваквите активности беше опфатен каналот на улицата „23 Август” во Берово.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи