-->
-->
Месина го поддржа Обрадовиќ
-->
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Италија, Еторе Месина, ја критикува Светската кошаркарска федерација (ФИБА) поради новиот квалификациски систем преку кој националните тимови ќе бараат пласман на Светското првенство во 2019 година.
Новиот систем предвидува квалификациите да се играат две години, односно тие се поделени во шест етапи. Според новиот систем, квалификации ќе се играат во ноември, февруари, јуни, септември, ноември и во февруари.
„Секако дека не сум среќен. Јас го сакам својот тим, уживам да работам во него, уживам да работам со овие луѓе што се тука. Но, ситуацијата е таква, доколку си дел од Евролигата или НБА, тогаш не можеш во исто време да играш за репрезентацијата. Ги читам мислењата на другите, на Жељко Обрадовиќ, Јасикевичиус, на активните играчи. Сите имаме исто мислење, но никој од нас не може да влијае врз носењето на одлуките“, рекол Месина.
Селекторот на Италија истакнал дека ваквиот систем на натпреварите е понижувачки за играчите.
„Ќе ја поддржам Италија преку ТВ-екраните. Можам да употребам и многу пожестоки зборови, но не сакам. Уште потешко ќе биде за селекторите кога ќе мора да им се заблагодарат на играчите што изборија пласман на Светското првенство и кога ќе треба на нивните места да ги повикаат они што играат во Евролигата и во НБА. Играш за својата земја, се случува да избориш пласман на големо натпреварување и на крајот доаѓаат нови момци да играат на тоа големо натпреварување. Со нетрпение чекам да видам кој ќе биде следниот чекор на овие брилијантни умови кои ги гледаме во последните две години“, дополнил Месина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност