Месиќ: Јасеновац беше „работен логор
На Јутјуб се појави изјава на поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, на која тој ги релативизира и демантира усташките злосторства во Јасеновац, тврдејќи дека тоа бил „работен логор“, но дека луѓето кои биле во него се „практично спасени од смрт“.
Снимката со оваа изјава, според Index.hr наводно настанала во 1992 година во Новска.
Месиќ на истата снимка тврди дека Јасеновац работел до 1947 година и додаде дека Јасеновац бил „работен логор“, во кој би требало да биде доведена „светската комисија“, која би ја утврдила вистина.
За Месиќ, инаку последниот претседавач на Претседателството на СФРЈ, во 1992 година значело дека оној, кој бил во Јасеновац нема да биде убиен, туку само користен како работна сила.
- Луѓето умирале, како што луѓето во војната и инаку умираат, од тифус од дезинтерија. Но тоа беа работни погони. Било глупаво некој да го научите да обработува кожа, а потоа да го убиете, рече тогаш Месиќ.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро