-->
-->
Меси уште две години во Барселона
-->
Лионел Меси се согласил да потпише две годишен договор со Барселона. Актуелниот договор на Аргентинецот истекува по завршувањето на сезоната. Минатото лето, незадоволен од се она што во тој период се случуваше во клубот, тој сакаше да ја напушти Барселона. На крајот тој остана, а замина Џозеп Марија Бартомеу. Новиот претседател Џоан Лапорта, по се изгледа успеал во намерите да го задржи Меси во клубот.
Информацијата дека Меси и Барселона постигнале договор ја објави на Твитер, новинарот на ЕСПН, Кристијан Мартин. Овој новинар тврди дека Меси ќе го продолжи договорот до јуни 2023 година.
Исто така, новинарот, објави дека од наредната сезона дресот на Барселона ќе го носи Серхио Агуеро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.