Меси стави крај на репрезентативната кариера

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, 39-годишниот Лионел Меси објави денеска на Инстаграм дека се збогува со дресот на аргентинската репрезентацијата за која дебитираше пред 21 година.
Меси обелодени дека одлуката ја донел два дена по финалниот натпревар на неодамнешното Светско првенство и оти добил дефинитивна потврда дека е време да си замине од репрезентацијата кога неговиот татко Хорхе, кој беше негов најголем поддржувач во текот на целата негова фудбалска кариера, почина на 8 август.
„По долго размислување, сакам да им кажам на сите дека се повлекувам од репрезентацијата. Тоа беше одлука што многу ме болеше и сè уште ќе ме боли во душата некое време, но сфатив дека дојде моментот, објави легендарниот аргентински фудбалер.
Меси се повлекува од аргентинската репрезентација како рекордер според бројот на одиграни натпревари (207) и постигнати голови (125).
Меси го постигна својот најголем успех со Аргентина во 2022 година кога го освои Светското првенство, додека ова лето беше дел од репрезентацијата која загуби во мундијалското финалето од Шпанија со 0-1. Меси ја предводеше Аргентина и до титулата на Копа Америка во 2021 и 2024 година.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
