-->
-->
Меси: Сакаме Атлетико да ја освои ЛШ
-->
Најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, се надева дека Реал Мадрид ќе го загуби финалето во Лигата на шампионите од градскиот ривал Атлетико. Барселона натпреварите во ЛШ ги заврши во четвртфиналето со елиминацијата од Атлетико кој подоцна преку Баерн стигна до финалето.
Иако, Атлетико ја спречи Барселона да остане во игра за одбрана на титулата во ЛШ, Меси ќе навива за „јорганџиите“ во големото финале.
„Јасно е дека луѓето во Барселона не сакаат Реал да освои било што. Во Барселона би биле задоволни кога Атлетико би победил во финалето. Не е лесно да се победи Атлетико, она што тие го прават е прекрасно. Тие се многу тежок противник и Симеоне поради тоа заслужува само пофалби“, рекол Меси.
Барса отпадна од трката за титулата во ЛШ, но сѐ уште е во игра за преостанатите два трофеи, во Примера е лидер со бод повеќе од Реал и со победата во последната рунда ќе ја одбрани титулата, а ќе игра и против Севилја во финалето на Купот.
„Голем удар за нас преставуваше елиминацијата во ЛШ. Бевме многу подобри од Атлетико во првиот меч и тогаш требаше да обезбедиме полуфинале. Реваншот на „Винсенте Калдерон“ беше многу комплициран. Би било сјајно кога би ги освоиле првенството и Купот. Пред нас се две финалиња, загубивме доста бодови во првенството, но на време се опоравивме. Судбината и понатаму е во нашите раце“, дополнил Меси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро