Македонија
18. July 2015 - 16:23
Мешана патрола во контрола на младите велешани во доцните вечерни часови
Друштвото, интернетот и домашното воспитување се причини за лошо однесување кај младите. Тие најчесто посегнуваат по алкохол и цигари. Малолетните велешани сметаат дека е потребна поголема контрола од родителите.
Често родителите не знаат каде ниту со кого се нивните деца во вечерните часови. Поради ова полицијата и локалниот совет за превенција синоќа заедно со нив правеа увид во угостителските објекти и парковите во градот.
Од велешката полицијата велат дека малолетничката деликвенција не е раширена во градот но има сознанија дека многумина консумираат алкохол..
Мешаните патроли се дел од превентивниот проект на министерството за внатрешни работи.
Со него треба да се намали ризикот од девијанти појави кај младите..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
