Мешан полициски тим откри мигранти во камион кај Демир Капија
Полицијата во близина на Демир Капија откри 24 мигранти од Авганистан, Ирак и Иран во товарно возило со скопски регистарски ознаки.
Како што соопшти МВР, мешовит патролен тим на полициски службеници од ПС Богородица и Република Хрватска синоќа во 21,30 часот забележале товарно моторно возило „Форд Транзит“ со скопски регистерски ознаки како со голема брзина се движело во правец на Демир Капија. Полициските службеници се упатиле по него и на местото викано „Арсови Лаки“ на даден знак за запирање на возилото продолжило да се движи со зголемена брзината. Исклучувајќи се од магистралниот пат продолжило да се движи по земјен пат, каде на 50 метри возачот го запрел возилото, излегол од него и се дал во бегство.
При контрола на возилото полицијата откри 24 лица-мигранти, од кои 16 од Авганистан, три од Ирак и пет од Иран, кои се донесени во Полициската станица-Неготино. По консултација со јавен обвинител седум лица се сместени во Прифатниот Центар за Странци на МВР, додека останатите 17 лица се вратени во Грција.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот кој го управувал возилото и целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани