Македонија
6. September 2015 - 17:41

Месец на авантута - Откриј ја Пелагонија

Возење велосипед и трчање по планински патеки, друмско возење, тандем парагладеринг, болдеринг, мото крос, тракторијада се само дел од 20 активности што ќе ги понуди манифестацијата Месец на авантура Отркиј ја Пелагонија.

Центарот за развој на пелагнискиот плански регион, деветте општини од регионот и УСАИД од 12 септевмри до 12 откромври, пет викенди по ред, ќе им приредат на сите заинтересирани невообичаено доживување на преспанско – пелагонискиот дел од Македонија.

Во пресрет на едномесечните настани и активности, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион го промовира новото лого и новиот слоган на проектот Откриј ја Пелагонија - Пелагонија – создадена за авантура.

Сите детали за викенд активностите кои започнуваат на 12 септември, заинтересираните може да ги најдат на фејсбук страната Дискавер Пелагонија или на интернет порталот на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион. Во текот на следната седмица, ќе бидат дистрибуирани и промотивни материјали низ повеќе градови со цел месецот на авантура да биде вистинско откритие на Пелагонија за што повеќе жители на Македонија.