Тенис
9. July 2016 - 23:25

Месарош и Фортуна финалисти на фјучрсот во Скопје

Кристијан Месарош од Хрватска и Клаудио Фортуна од Итлија се финалисти на третиот скопски фјучрс што се игра на терените на „Тенис парк“.

Месарош (3.носител) во полуфиналето го победи првиот носител Ричард Габ (Велика Британија) со 2-1 во сетови (4:6; 6:3 и 6:2). Неговиот ривал Фортуна (2.носител) го победи четвртиот носител Лени Хампел од Австрија 2-0 во сетови (6:4 и 6:2).
Почетокот на финалето е утре во 10:30 часот.