Мерко: Во Струга нема градби во заштитената зона
Општина Струга нема никаков проблем со заштита на природното и културното наследство и нема градби во заштитената зона, повтори градоначалникот Рамиз Мерко, по најавите на министерката за култура и претседател на Националанта комисија на УНЕСКО Ирена Стефоска дека ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање ингеренции на општините Охрид и Струга за, како што рече, немањето волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано на листата на УНЕСКО.
– Повеќе пати сум изјавил и сега истото го кажувам дека ние немаме никаков проблем со заштита на природното и културното наследство. Целосно е запазена зоната покрај езерото да нема градби, ниту диви, ниту со дозвола. Во тој предел и не смееме да дадеме одобрение за градење. Одговорни сме и во никој случај не го загрозуваме природното и културното наследство за зачувување на стаусот во УНЕСКО, изјави Мерко.
Пред повеќе од една година, Општина Струга побара ослободување од ингеренциите во областа на урбанизмот, но од Министерството за транспорт и врски доби одговор дека за тоа не постои законска можност.
Ново на Сител
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ