Македонија
23. јуни 2023 - 16:45

Мерко излезе на тераса, но не застана пред новинарите - Протести со барање оставка

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и денеска беше во општинската зграда. Накратко се појави на тераса, но, без одговор за тоа што се најде на црната листа на САД поради корупција и мешање во судски процеси. Вработените велат дека Мерко секој ден доаѓа на работа, но не примал странки.

Стружани пак денеска не беа многу расположени за изјави. Дел велат дека секој треба да одговара за направеното, дел пак не сакаа да коментираат за градоначалникот Мерко.

Младите на движењето Беса во Струга денеска пред општината со транспаренти го кренаа својот глас против злоупотребите што се прават во нашата држава. Тие велат дека прогласувањето Персона нон грата колку што е срамно за првиот човек на општината и неговата партија, толку е срамно и за овој суд.

Oд Алијанса на Албанците од Струга велат дека се потврдуваат како виситинити сите досегашни јавни претствки и рекции во континуитет, а кои се однесуваа на значителна корпција .

Од Алтернатива велат дека Мерко не треба да го замрзне членството во партијата туку треба цело ДУИ да се замрзне и да се отстрани од власт.

Обвинителството пак, вчера излезе со став дека против струшкиот градоначалник има 6 активни кривични пријави. Од вчера му се замрзнати функциите и членството во ДУИ, но оставка од градоначалничката функција нема.