Мерко именувал бибиотекар за директор на училиште
Нова кривична за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко овој пат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое библиотекар од струшкото село Подгорци, го именувал за директор на основното училиште во истото село.
- Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик, информира МВР.
Овие неправилности биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспектор, извршена на 20.06.2024.
Телоп-(дополнително било констатирано дека Мерко после донесување на одлука на училишниот одбор, не објавил оглас за избор на директор со што, на А.О. противправно му овозможил да добие решение за в.д. директор и остварување парична корист кои му биле исплатени по основ на плата и придонеси)посочуваат од МВР.
Инаку Мерко е и на црната американска листа, не само за вмешаност во корупција, туку и за влијание врз судски и други процеси.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар