Мерко: Ако може да колеме јагниња, телиња, овци само кучињата ли ќе ги чуваме? | ВИДЕО
„Ако можиме да колеме јагниња, да колеме телиња, да колеме овци, овни, да тепаме диви животни, да ловиме риба, сѐ правиме што ни е потребно за наш живот, а единствено ќе ги чуваме кучињата?. Да, нека ги чуваат оние ги имаат дома, сѐ друго не може да се чува. И во законот пишува дека ризичните кучиња треба да се уништат, а кај знаеме кое е ризично? Луѓе се убиваат, па некој не сноси одоворност, кучиња се убиваат, па треба градоначалниците да сносат одговорност“, кажа Рамиз Мерко градоначалникот на Струга на седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.
„Јас имам пуштено предлог за измени и дополнувања на законот по мое видување, но ова треба да го направиме заедно. Едно време сите ги тепавме. И со закон бевме заштитени. Тендер правевме со ловното друштво, тие излегуваа ноќе и секое куче кое е надвор од контрола се отстрануваше. Еве отворено ќе кажам по селските општини ги ништат. Кој сака нека речи што сака. Еве јас отворено кажувам, не се плашам ни од закон ни од ништо „Ми рече еден во Мислешево јас наполнав цел трактор. Напаѓаа на стока, напаѓаа на луѓе“, додаде струшкиот градоначалник.
Изјавата на Мерко доаѓа откако пред неколку месеци, во Струга се случи ужасен масакр на улични кучиња, кога човек вооружен со пушка одеше по улиците на градот и бараше кучиња за да ги застрела.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка