Меркел: Време е Германија да ги преразгледа односите со Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека „можеби е време да се преразгледаат односите со Турција“ по апсењето на уште двајца Германци во одморалиште во Анталија од страна на турските власти.
Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека во Турција досега се уапсени 12 германски државјани, тврдејќи дека сите се политички мотивирани.
Според Меркел, најголемиот број од уапсените се обвинети без правна основа и тоа е доволно Германија да размисли какви односи треба да има со Турција.
- Сето ова што сега се случува е несоодветно со сегашните разговори за проширување на царинскиот ангажман со Турција, кој земјата го има преку ЕУ, изјави Меркел.
Односите на двете земји значително се влошија откако во февруари Турција уапси еден германски новинар од турско потекло.
Во јули годинава Министерството за надворешни работи во Берлин ги предупреди Германците да не патуваат во Турција, затоа што ризикуваат да бидат уапсени само врз основа на одредбите на вонредната состојба, која е воведена по минатогодишниот неуспешен државен удар.
Турските власти кои минатата година уапсија над 50 илјади лица и отпуштија од работа уште 100 илјади други, обвинувајќи ги за поврзаност со пучот, го осудија ваквото предупредувањ на германското МНР.
Официјална Анкара ја обвини Германија дека има „едностран приод“ кон случувањата во Турција и го смета за крајно „неприфатлив“.
Ново на Сител
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
