Меркел во посета на Обединети Арапски Емирати

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска пристигна во посета на Обединети Арапски Емирати по посетата на Саудиска Арабија, каде со кралот Салман и други саудиски претставници разговараше за правата на жениоте и за војната во Јемен.
Во Абу Даби, Меркел беше пречекана од престолонаследникот принцот Мохамед бин Зајед Ал Најан. Тема на разговор ќе бидат подготовките за самитот на Г-20, што ќе се одржи во Хамбург на седми и осми јули.
Меркел е придружувана од германска бизнис делегација.
Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати се двата најголеми трговски партнери на Германија на Блискиот Исток.
Тема на разговор ќе бидат конфликтите во Јемен, во Сирија и во Либија.
- Германија може да се вклучи во процесот на изнаоѓање на решение за конфликтот во Јемен по дипломатски пат, посочи Меркел.
Таа додаде дека за таквата иницијатива добила поддршка од Саудиска Арабија, а разговарала и со генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш.
- За Германија е невозможно воено решение на конфликтот во Јемен, истакна германската канцеларка.
Во Јемен од август 2014 година се води војна меѓу владините сили и шиитските бунтовници Хути. Во март 2015 година на страната на владините сили се придружи регионална коалиција предводена од Саудиска Арабија. Според ОН во Јемен приближно 19 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош, што е две третини од вкупно 7,3 милиони население.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
