Меркел во јануари во дводневна посета на Атина
Германската канцеларка Ангела Меркел, ќе ја посети Атина, најверојатно на 10 и 11 јануари, објави грчкиот весник „Катимерини“. Причината за дводневната посета, според весникот, е да изрази поддршка за грчката влада во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент и да испрати позитивна порака по излезот на Грција од меморандумите.
-Изборот на датумот не е случаен: неколку дена подоцна, доколку не се случи нешто непредвидено, владата на Заев ќе ја заврши предвидената уставна ревизија, а Договорот од Преспа ќе тргне кон грчкиот Парламент. Како што споменуваат информации од германската престолнина, госпоѓата Меркел сака, со посетата, да даде поддршка за грчкиот премиер, бидејќи договорот влегува во завршна фаза, пишува „Катимерини“ и потсетува дека Берлин беше активен во првата половина на годината за Атина и Скопје да стигнат до решение, јави дописничката на МИА од Атина.
Според весникот, Меркел освен со претседателот и премиерот на Грција, ќе има средби и со лидерот на опозициската Нова демократија, а не е исклучена можноста да се сретне и со млади Грци.
МИА
Ново на Сител
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“
-
Демири: Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест
-
Лекари од Токсикологија на прес-конференција алармираат за хаос на Клиниката