Меркел: Вистински обединета Европа ги вклучува и земјите од Западен Балкан
„Европа ќе биде вистински обединета само кога и земјите од Западен Балкан ќе станат членки на Европската унија“, порача германската канцеларка Ангела Меркел.
Изјавата на германската канцеларка, како што пренесува европското издание на порталот Политико, претставува уште една потврда на посветеноста на Берлин за проширувањето на Европската унија, што е непопуларна идеја меѓу некои членки на ЕУ и многумина избирачи во Западна Европа, јавува МИА.
Меркел ова го кажа во Унгарија, на одбележувањето на 30-годишнината од таканаречениот „Паневропски пикник“ – симболичен настан што доведе до масовен егзодус на жителите од Источна Германија кон Западот, или на конечниот пад на Железната завеса и приближувањето на Источна и Западна Европа.
Канцеларката, меѓутоа, нагласи дека европското единство нема да биде заокружено додека целиот Западен Балкан не и се приклучи на Европската унија.
„Доколку ги гледате работите геостратешки, исто така, треба да ја погледнете мапата и ќе видите дека Европа ќе биде вистински обединета само со државите од Западен Балкан“, рече Меркел пред новинарите во унгарскиот град Џопрон, пренесе Гласот на Америка.
Ново на Сител
-
Армијата ангажирана во справувањето со пожарите
-
Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје