Меркел: Виновник за насилствата е Трамп бидејќи не го призна поразот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека виновник за упадот на демонстрантите во американскиот Конгрес е Доналд Трамп, кој не го призна поразот на претседателските избори.
– Сите вчера го видовме вознемирувачкиот упад во американскиот Конгрес и тие слики ме разлутија и растажија. Жалам што претседателот Трамп не го призна поразот во ноември минатата години, ниту тоа го направи вчера, истакна Меркел на состанок со германските конзервативци.
Таа приврзаниците на Трамп, кои упаднаа во Конгресот ги нарече „напаѓачи“.
Четири лица загинаа, а 52 се упасени откако приврзаниците на Трамп вчера упаднаа во Конгресот за да ја спречат потврдата на победата на Бајден.
Конгресот денеска ја потврди победата на Бајден на претседателските избори.
Ново на Сител
-

Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Во 24 часа шест лица приведени за безобѕирно возење, едно лице предизвикало и сообраќајна несреќа
-

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи
-

Стармер во разговори со сојузниците за можно распоредување сили на Гренланд
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Маврово - Дебар
-

Успешно спасување на двајца вработени на А1 кај с. Лазарополе | ВИДЕО
-

Едно избирачко место воопшто не е отворено, во останатите гласањето се одвива непречено
-

Мадуро од американски притвор: „Се справуваме добро, ние сме борци“
