Меркел: Велика Британија ќе го најде својот пат

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека очекува Велика Британија да го најде својот пат по напуштањето на Европската унија и дека нема основа за ароганција кон земјата.
– Тие ќе се вратат во вистинската насока. Јас воопшто не сум загрижена за Велика Британија. Мора да направиме напор затоа што е во наш интерес да имаме добри односи со таа земја и секоја форма на ароганција е целосно несоодветна во тој случај, рече Меркел пред новинарите во Франкфурт.
На прашањето дали погрешните потези на европската страна придонеле за актуелните проблеми на Велика Британија, Меркел призна дека можеби се направени грешки во континентална Европа, но изјави дека „дебатата за – дали го сакаме тоа или не , тлеела уште од моментот кога Велика Британија влегла во ЕУ“.
Ново на Сител
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
