Свет
18. March 2016 - 23:32

Меркел: Реализацијата на договорот меѓу Турција и ЕУ нема да биде лесна

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази задоволство поради договорот меѓу ЕУ и Турција за спречување на нелегалната миграција во Европа, укажувајќи дека неговата реализација нема да биде лесна.

- Немам илузија дека ова што го постигнавме денеска нема да биде проследено со проблеми. Постојат големи правни проблеми кои мора да ги надминеме, истакна меркел на прес-конференција со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Меѓутоа, како што таа додава, „постигнат е договор кој има неповратен тек“.

Германската канцеларка нагласи дека е многу важно што е постигната согласност меѓу 28-те земји членки на ЕУ, бидејќи „тоа покажува дека Унијата е се уште способна да преземе тешки одлуки и да управува со сложени кризи“.