Македонија
7. јуни 2019 - 16:03

Меркел не поддржува брз старт на преговори, Заев оди на нова средба

Македонија да не се надева на датум за преговори оваа есен, порачала германската канцеларка Ангела Меркел на седницата на комисијата за европска политика при германскиот Бундестаг, јавува Зи Дојче Цајтунг повикувајќи се на свои неименувани извори.
Според весникот, Меркел потенцирала дека земјава не треба да се надева на датум за старт на преговорите пред октомври, наспроти залагањата на пратениците од нејзиниот коалициски партнер, од каде доаѓа и министерот за надворешни работи Рот,  тоа да се случи летово.

Премиерот Заев е спокоен. Вели дека веста за седницата одржана во вторникот е стара за оние кои добро ги разбирале работите.

Покрај сигналите од Берлин, во Брисел според информации кои ги објавија одредени медиуми циркулира и неофицијален документ со кој засега 13 земји членки главно од Источна Европа предводени од Полска бараат датум за старт на преговорите на стартот од летото. Токму од нив премиерот смета дека ќе зависи и судбината на неговата Влада. Тој денеска потврди дека датумот за преговори дефинитивно ја праќа метлата на одмор

Метлата премиерот Заев ја најави меѓу двата круга од претседателските избори. Од тогаш до денеска, таа ги измете само функционерите на Бихаќка, додека оставките во Владата ќе го чекаат Брисел.