Македонија
21. јуни 2019 - 16:04

Меркел најави целосна поддршка за Македонија во октомври да добие датум за старт на преговори

Германската канцеларка Меркел од Брисел порача деа ке го вложи целиот политички авторитет Македонија во октомври да добие датум  за старт на  прегворите.

Ќе направам сѐ што можам за да се донесе таа позитивна одлука затоа што Северна Македонија направи примерна работа со Преспанскиот договор, одлична работа, и разговаравме за ова вчера. Станува збор за неколку недели, навистина, но нашата заложба стои и што се однесува до мене ќе ја заложам сета своја политичка тежина за ова, изјави Ангела Меркел.

Меркел открива дека лидерите на ЕУ  уште вчера, на почетокот на самитот, разговарале за македонските евроинтреграции, откако минситерскиот совет минатат недела одлучи наесен повторно да се наврати на оваа тема.   Лидерите на Унијата не успеале да постигнат договор ниту околу новата комисија, ниту пак за глобалното затоплување.  Ниту еден од тројцата кандидати кои беа во игра да го заменат Јункер, немаат мнозинство  во европскиот парламент.

Доналд Туск синока посочи дека Унијата треба да најде  кандидат  кој ќе ја рефлектира различноста на ЕУ, но и  географска  рамнотежа и  родовата застапеност.