Свет
9. November 2016 - 13:53

Меркел му честиташе на Трамп и понуди соработка

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Доналд Трамп му ја честита на победата на изборите за претседател на САД и му понуди тесна соработка врз основа на заеднички вредности, укажувајќи истовремено дека САД, со оглед на нивната економска и воена сила, има одговорност за глобалниот развој.

-Германија и САД ги поврзуваат вредности - демократија, слобода, почитување на законите, достоинство на луѓето, без разлика на нивното потекло, боја на кожа, вера, пол, сексуална ориентација или политички вредности, рече Меркел на прес конференција во Берлин, пренесоа британските медиуми.

Врз основа на овие вредности Меркел на новиот американски претседател му понуди соработка, додавајќи дека САД остануваат клучниот столб од германската надворешна политика.