Меркел и покринските премиери договараат како да се забрза депортацијата
Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на 16 германски покраини денеска прават план како да се забрза процесот на депортација на одбиените баратели на азил, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Во Германија барањата за азил и решенијата за депортација се во надлежност на покраините но канцеларката Меркел која што во септември ќе се бори за нов мандат се обидува да ги убеди регионалните лидери дека со централизирани мерки депортацијата на одбиени баратели на азил ќе биде многу поефикасна.
Дел од планот кој се состои од 16 точки за кој се разговара е создавање на таканаречени „излезни центри“ во близина на аеродроми со цел да се олесни депортацијата и да се охрабрат одбиените баратели на азил кои што сакаат да се вратат доброволно во матичните земји.
Прашањето за депортација на одбиени баратели на азил стана едно од најважните политички прашања во земјата откако се покажа дека сторителите на терористичките напади во декември во Берлин и во јули во Ансбах биле одбиени баратели на азил кои што и покрај решенијата за депортација успеале да останат во Германија. Во Германија живеат стотици илјади одбиени баратели на азил кои очекуваат депортација, меѓу нив голем дел се од ткн „безбедни земји“ во кои спаѓаат и сите балкански држави.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот