Свет
7. April 2017 - 10:56

Меркел и Оланд: Асад целосно одговорен за нападите на САД

Башар ал Асад е целосно одговорен за американските ракетни напади врз базата на сириските Воено воздухопловни сили, нагласија германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.

- Американски ракетни напади во Сирија се операција, која Франција ја побара уште во 2013 година, по претходниот напад со хемиско оружје, изјави Оланд.