Меркел и европски лидери ќе ја посетат Турција со цел примена на договорот за мигрантите
Германската канцеларка Ангела Меркел и високи претставници на ЕУ ќе ја посетат денеска турско-сириската граница во обид да ја поттикнат примената на спорниот договор потпишан пред еден месец, за справување со бегалската криза, што остави стотици илјади луѓе блокирани по мигрантската маршрута кон Европа.
Денешното патување до турскиот граничен град Газиантеп, што се очекува да вклучи посета на бегалски камп, е по повод потпишувањето на договорот од 20 март меѓу Турција и ЕУ за започнување депортација на мигранти, кои не одговараат на условите за добивање азил во Грција, обратно во Турција.
ЕУ вети шест милијарди евра помош на Турција во наредните четири години за обезбедување подобри услови и создавање на можности за околу 2,7 милиони сириски бегалци, кои живеат во Турција.
Еден месец по договорот, сепак, се уште малку експерти од ЕУ пристигнале на местото, а повеќе земји од Унијата не брзаат да примат уште кандидати за азил.
Во исто време, барањата на Турција за безвизно патување во ЕУ за турските државјани, предизвикаа дипломатски спорови.
Ново на Сител
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата