Свет
12. September 2015 - 15:00

Меркел ги охрабрува бегалците во Германија да научат германски јазик

Канцеларот на Германија Ангела Меркел ги охрабри бегалките, кои пристигнуваат во Германија, да го научат јазикот и да создадат нови контакти.

Во денешното видеообраќање, Меркел рече дека жените кои доаѓаат во Европа, често преживеале ужасни нешта и се трауматизирани. Таа рече дека освен да се обидат да го надминат тоа, може само да ги советуваме да го научат јазикот, да не се срамат да учат заедно со своите деца, кои можеби ќе зборуваат подобро германски, бидејќи одат на училиште.

Меркел исто така, ги советува жените да бараат нови контакти, да не се затвораат во себе, туку едноставно да живеат и работат во заедницата која ја познаваат, но во исто време да прават обиди и да излезат надвор од неа.