Меркел: Еврозоната мора да остане единствена
Еврозоната мора да остане единствен блок, па затоа нејзините земји членки мора да ги спроведуваат заедничките обврски, изјави синоќа германската канцеларка Ангела Меркел.
- Според мене не постои прашање за две брзини во еврозоната. Евроозната мора да остане единствена, истакна Меркел.
Според неа, за обезбедување на таквото единство на Евроозната. нејзините земји членки мора да го спроведуваат сето она што ќе го договорат.
Изјавата на Меркел следи откако во средата германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека Грција ќе мора да ја напушти Еврозоната, доколку не ги спроведе обврските што ги презеде со договорените пакет-мерки за помош на земјата.
- Притисокот врз Грција за спроведување на реформите мора да продолжи, со цел земјата да стане конкурентна. Во спротивно државата не ќе може да остане во зоната на заедничката европска валута, изјави Шојбле за германската телевизија АРД.
Ново на Сител
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?