Меркел: ЕУ мора да има заедничка политика кон Русија и Кина
Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека Европската унија мора да има заедничка политика кон Русија и Кина.
На синоќешната прес-конференција со полскиот премиер Матеус Моравјецки во Варшава, Меркел истакна дека иднината на цела ЕУ е важна за нејзината Влада, а не само иднината на Еврозоната или на одредени групи.
Меркел и Моравјецк изразија волја да се обнови „форматот Вајмарски триаголник“, во кој, освен Германија и Полска, членува и Франција, оценувајќи дека нивна блиска соработка е нужна посебно за „новата агенда по Брегзит“, но и за безбедносните прашања.
Ангела Меркел ја одбра Варшава за втора, веднаш по Париз, дестинација што ќе ја посети по реизборот за претседател на германската Влада. Германските медиуми оценуваат дека посетата е со цел да се надминат споровите на Полска со ЕУ, но и Меркел да процени колку Варшава со новиот премиер е подготвена да се врати кон соработката со ЕУ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?