Меркел доби поддршка од сопартијците за својата политика на справување со бегалската криза

Германскиот канцелар Ангела Меркел доби голема поддршка од својата партија за начинот на кој Владата дејствува во справувањето со бегалската криза, пренесе ДПА.
Над 1000 делегати на годишниот конгрес на Демохристијанската унија (ЦДУ) ја поддржаа политиката на Меркел за справување со кризата преку намалување на приливот на кандидати за азил и барањето решение на бегалскиот бран на европско ниво.
Германскиот канцелар беше под жесток критичкиу оган од фракциите во сопствената партија заради нејзината политика на прифат на бегалци и нејзиното одбивање да го утврди горниот лимит на бројот на кандидати за азил, кои доаѓаат во Германија.
Но, во предвечерието на годишниот конгрес лидерите на ЦДУ постигнаа компромис за ова прашање. На тој начин се избегна заканата за отворено појавување на внатрешна опозиција за време на дводневниот конгрес, што ќе имаше негативен ефект врз партијатата.
Ново на Сител
-

Човечкиот фактор и годинава главна причина за шумските пожари
-

Засилени контроли во постапувањата на конзерваторските одобренија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотирис Минас, поет од Грција
-

Хуманитарен пикник на „Алкалоид” – 2,2 милиони денари за Клиниката за детски болести „Козле”
-

ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер со владината реконструкција
-

Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Бугарија
-

„Дозволуваме поединци да се богатат со уништување на нашето богатство“, велат од „Анима Мунди“ за ловот на дивеч
