-->
-->
„Мерк“ побара дозвола од ФДА за прва таблета против Ковид-19
-->
– Американската фармацевтска компанија Мерк (Merck) побара од Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска да одобри нов лек за борба против ковид – молнупиравир.
Според американските медиуми, одлуката на ФДА ќе биде донесена во следните неколку недели и тоа ќе биде првиот официјален антиковид лек во светот. Други антиковид третмани одобрени од ФДА бараат интравенозно вбризгување или инекција.
Антивирусната таблета ќе се зема дома и ќе ги сузбие симптомите на ковид на почетокот на болеста и ќе го забрза закрепнувањето. ФДА ќе ги разгледа податоците на Мерк, ќе ја разгледа безбедноста и ефикасноста на лекот пред да донесе одлука, јавија американските медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
-

37-годишник во угостителски објект во Крива Паланка нападнал членови на музичка група и оштетил музичка опрема
-

Кривична за двајца полицајци кои употребувајќи прекумерна сила го повредиле лицето кое го апселе
-

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените граѓани зел околу 56.000 евра
-

Уапсени двајца кумановци барани по потерници, а осудени на седум, односно две години затвор
-

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
