Мери Акиевска: Израснав во семејно насилство, во интернат имав повеќе услови отколку дома | ВИДЕО
Македонската бодибилдерка Мери Акиевска која три пати е светски првак во боди-билдинг во гостување во Магазин на Сител Телевизија проговори за нејзиното тешко минато кое го поминала.
- Израснав во семејно насилство, татко алкохоличар, по некое време го изгубив и него. Мајка ми ми е огромна подршка, во сите припреми за се ми помага. Жена борец, мајка кралица. Како самохран родител многу има направено за мене, за возврат и носам среќа и се надевам дека е горда да има дете како мене. По потекло сум од Крива Паланка. Во интернат во Скопје имав повеќе услови отколку во Крива Паланка. Живеев без струја и без вода и немав никакви услови.
Мајка ми не доволуваше да се одвојам од останатите, даваше се од себе да не се приметува нешто дека ми недостасвува и дека сум поразлична од другите. Се дружев со сите деца и тие што беа како мене случаи и тие што беа многу имотни за разлика со мене. Со сите имав добра комуникација, освен со сама себе кога ќе се вратев дома размислував како ќе учам во темно, учев на свеќа. Во училиште сите си купуваа храна од продавница, бурекџилница јас носев од дома или мајка ми ќе замолеше некој да ми даде да јадам за да опстанам. Целата ситуација траеше со години се додека не дојдов тука, кажа Акиевска.
Мери додаде дека е горда на своето минато и испрати мотивирачка порака до сите они кои немаат услови да дадат се од себе, да веруваат во себе бидејќи се е остварливо и можно.
Ново на Сител
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри