Македонија
27. December 2017 - 15:15

Мерцедес се заби во билборд на булеварот Србија - младо момче се бори за живот

Страшна сообраќајна несреќа се случи на булеварот Србија. Според информациите на МВР, вчера во 00.30 часот на бул. „Србија“ се случила сообраќајна незгода во која возило Мерцедес со скопски регистарски ознаки управувано од С.М. (30) од Скопје изгубилo контрола над возилото и удрилo во метална канделабра, рекламен билборд и ограда. Од незгодата со повреди се здобил возачот кој со возило на брза помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, бидејќи се наоѓа во животно загрозувачка состојба.