Македонија
24. July 2015 - 21:30

Мерцедес се преврте и запали на патот Градско - Скопје

Без повреди поминал возач на мерцедес со скопски регистарски таблички, во сообраќајната незгода што се случила попладнево на автопатот Градско-Скопје.

На два километри од мотел Македонија, околу 14.30 часот се случила сообраќајката, кога скопјанецот возејќи го автомобилот, изгубил контрола и се превртел. Според информациите од СВР Велес, најверојатно пукната гума била причината за сообраќајната несреќа.

Од истекувањето на бензинот автомобилот се запалил, но шоферот, кој бил сам во него, успеал неповреден и навреме да излезе. Тој дури одбивал да добие медицинска помош.

Со апарат за гаснење пожар, автомобилот бил изгасен и освен материјална штета, за среќа, нема повредени.

Увидна екипа на СВР Велес се уште е на лице место на несреќата и ги утврдува причините за сообраќајката.