Мерц најави германски Акциски план против руските хибридни напади

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, за следните неколку дена најави конститутивна седница на Советот за национална безбедност, на чиј дневен ред ќе биде Акциски план за одбрана од хибридни напади.
Во канцеларовото соопштение до Бундестагот, Мерц ја обвини Русија за обид за дестабилизација на Германија и Европа преку саботажи, шпионажа, убиства, кибернапади и целни дезинформација.
Тој, истовремено, ги обвини пратениците на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) дека нападите потекнуваат „дури и од вашите редови“.
„Ќе ја поддржиме Украина во храбрата одбрана сè додека е потребно“, додаде Мерц, најавувајќи дека Европскиот совет ќе ја разгледа можноста за дополнителен притисок врз Русија за преговори за мир со Украина на претстојниот состанок.
Дополнително, Европската унија го подготвува 19-тиот пакет санкции против Москва.
Мерц предлага замрзнатите пари на руската централна банка да се насочат кон Украина во форма на бескаматен заем за вооружување. Според неговиот предлог, Киев ќе почне да ги враќа парите дури кога Москва ќе почне да исплаќа воени репарации.
Ново на Сител
-

Промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, па до мај реконструкција на Владата и смени во дел од државните институции, најави Мицкоски
-

Алиу го презентира напредокот на националниот систем за трансплантација и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравството
-

Сиљановска Давкова: Родово одговорното буџетирање овозможува реална проценка и поправедна распределба на јавните средства
-

Кривична за 24-годишна девојка, управувала возило со 126 километри на час на место каде е ограничено 50
-

Приведени двајца крадци од Куманово, на сила одзеле делови од автобус
-

Приведен 30-годишник од Неготино кој му се заканувал на својот татко
-

Тојота го претстави новиот ГР ГТ
-

Премиерот Мицкоски очекува брза процедура за избор на нов главен јавен обвинител
