Мерц: Европа не е во војна, но веќе не е ниту во мир со Русија

Европа не е во војна, но „веќе не е ниту во мир“ со Русија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц..
-Ќе го кажам со една фраза што можеби ќе звучи шокантно: ние не сме во војна, но веќе не сме ниту во мир, рече Мерц на медиумски настан во Диселдорф.
Тој оцени дека војната што ја води Русија е „војна против нашата демократија и против нашата слобода“ и дека целта на Москва е да го подрие единството на Европската Унија.
Мерц потсети дека неодамна ја поддржа одлуката на ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на воената поддршка за Украина, нагласувајќи дека ова може да обезбеди помош за период од три до пет години.
-Во тој период, економски може да стане невозможно за Русија да ја продолжи војната, истакна германскиот канцелар.
МИА
Ново на Сител
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
