Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
Европската унија е подготвена да воведе построги санкции против Русија доколку оваа недела не се постигне напредок во преговорите за прекин на војната во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, наведувајќи дека веќе е подготвен нов пакет санкции.
Мерц на прес-конференција по разговорите со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис во Берлин изјави дека Брисел чека рускиот претседател Владимир Путин да се вклучи во преговорите и дека санкциите ќе бидат заострени доколку неделава не се постигне вистински напредок во преговорите, пренесоа британските медиуми.
Германскиот канцелар изјави дека ЕУ ќе разгледа и воведување нови санкции против Русија во областа на енергетиката и финансискиот пазар.
Мерц оцени дека би било неразумно доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи на нови компромиси во врска со преговорите и изјави дека се согласува Зеленски во четврток да се сретне со руските претставници.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека продолжуваат подготовките на Русија за преговорите со Украина во Истанбул. Тој истакна дека Кремљ засега не планира да дава други коментари за планираната руско-украинска средба во Истанбул.
Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул. Зеленски,пак, се согласи на разговорите во Турција на 15 мај, но од самиот почеток рече дека сака лична средба со Путин. Русија сè уште не објави на кое ниво ќе учествува на средбата.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода возачи во Тетово и Гостивар, управувале возила под дејство на алкохол
-
Санкционирани осум лица во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми
-
Трипуновски: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје
-
Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина
-
Пријавен случај на подметнување пожар во Делчево
-
Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати
-
Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел
-
27 лица загинаа во израелски напади во Газа