МЕРАК МЕАНА
Стартува новата Осма Сезона од мегапопуларната Мерак Меана. Со голема радост продолжуваат мерак песните од Мераклиите. Меѓу нив сите оние кои на вистински начин уживаат и се радуваат на песната и дружбата. Сител Телевизија и Мерак Меана успеваат да ги обединат пеачите и музичарите и од година во година покажуваат и докажуваат дека македонската песна носи неисцрпна енергија и убавина која создава една посебна зачудувачка магија. Таа магија ги сплотува сите, пеачите, музичарите, гостите и секако гледачите. Стотици и стотици уметници во изминатите години биле дел од најгледаната музичка емисија во Македонија. Илјадници песни и ора доживеале свои изведби. Стотици и стотици промоции на нови композиции и нови музички имиња. Музички имиња кои низ посебноста на атмосферата на Мерак Меана успеале да изградат или да ја надградат својата музичка кариера. Мераклиите продолжуваат онака како што само тие знаат и умеат. Речиси сите врвни имиња од македонската фолк музичка сцена и оваа година се очекува да бидат дел од единствената Мерак Меана. Блага Петреска, Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Даце Николовски, Анета Љумаковска, Ибуш Ибраимовски, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Кате Брезева и Соната, Спасен Силјановски, Благица Павловска, Марјан Коцев, Перо Христов, Кате Танева - Нели ти реков, Габриела Јанушевска,Круме Спасовски, Ристо Краповски, Спасен Силјановски, Даниела Темелковска, Дамјан Стојановски, Нино Величковски, Дарко Стојановски, Боби Цанев, Цеки, Благица Калева, Петар Нечовски, Никола Станишиќ, Јована Богдановска, Стојне Николова, Ирена Вељовска, Елена Велевска, Боби Спасенцовски, Ирена Спасовска, Адријана Ацеска, Горан Алачки, Ирена Вељовска, Борис и Билјана Димови, Павле Витанов, Ленче и Горан, Кирил Нaуновски, Ани Малинкова, Јованка Јо, Методија Столески, Анастасија Митровска, Дани Тик Так, Сашо Ливрински, Каан Мазхар, Спасе Антевски, Анета Арсовска, Вукица Челебиева, Ѓорѓи Поцков, Сашко Велков, групите Биоритам, Седенка, Аманет, Чардак, Тајфата, Бумбарите,Ексклузив, Астра бенд, Џумбушлии, Хепи Бенд, Да капо, Екстра Бенд, Харизма, Кадриеви, Веселата дружина, бројни хорови и уметнички душтва и плејада млади извонредни изведувачи и уште многу други мерак пејачи, групи и инструменталисти од сите музички жанрови кои и во оваа осма мераклиска година ќе направат викендите да биде исполнети со радост, игра и песна. Сите изведувачи и оваа година ќе бидат придружувани од врвните мизичари на групата Мерак Боеми, а главен меанџија е разиграниот Трајче Толевски Мајка.
Ново на Сител
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
-

Јаневска: Нема потреба од повлекување на законот за високо образование, нема многу забелешки, сите разумни ќе бидат прифатени
-

Зеленски: Следните мировни преговори ќе се одржат во Абу Даби на почетокот на март
-

Oткриен обид за шверцување 4.800 пакувања никотински кесички во вредност од 1,2 милион денари
-

Дала 2.700 евра а барала да се вратат 15 илјади евра, уапсена 53 годишна лихварка во Струмица
-

Дете извадило нож во ОУ „Киро Глигоров“, мајката потпишала изјава дека ножот во ранецот го ставила по грешка
-

Милошоски: Сега е вистинското време за нов стратешки пристап кон проширувањето на Европската Унија
