МЕПСО ќе набави нова примарна високонапонска опрема
Македонскиот електропреносен систем оператор АД МЕПСО денеска склучи договор за набавка на нова примарна високонапонска опрема за потребите на трансформаторски станици од преносната мрежа во вредност од 1,87 милиони евра.
Како што информираат од компанијата, тоа е прва набавка која е дел од проектот за ревитализација и за модернизација на преносната мрежа што МЕПСО го реализира во кредитен аранжман со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
- Најповолен понудувач на меѓународниот тендер е конзорциумот на компаниите: „Елнос“ од Србија и „Кончар – мерни трансформатори“ од Хрватска. По тој повод договорот за набавка денеска во Скопје го склучија Ацо Ристески, член на Управниот одбор и директор на подружницата Оператор на преносна мрежа во МЕПСО, Жарко Рончевиќ, директор за продажба во „Елнос“ и Анте Рогозина, претседател на Управниот одбор на „Кончар – мерни трансформатори“. Вредноста на договорот е 1,87 милиони евра, соопшти МЕПСО.
Со овој договор, прецизираат од компанијата, се врши набавка на прекинувачи, раставувачи, мерни трансформатори и одводници за пренапони кои ќе бидат инсталирани во 400 киловолтната и 110 киловолтната преносна мрежа на АД МЕПСО.
- Ова е прва од низата компоненти од проектот за ревитализација и за модернизација на преносната мрежа што опфаќа: реконструкција на далекуводи, набавка и имплементацијата на опремата и софтверските аликации за видео надзор над електоренергетските објекти, набавка и инсталација на системи за напојување, заштита и управување како и замена на старо земјоводно јаже со ново OPWG јаже со интегрирани оптички влакна за пренос на податоци, потенцираат од АД МЕПСО.
Ново на Сител
-
33 годишник од Скопје, нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот
-
Адвокатите на Палевски тврдат дека тој на 27 ноември 2023 бил во банка, побараа и утврдување на базните станици на неговиот телефон
-
ЕУ изрази загриженост поради случувањата во српското Собрание
-
Шолц и Зеленски се согласија дека Трамп е клучен фактор во мировните преговори
-
Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски
-
Кривична пријава против полициски службеник за примање поткуп
-
Мицотакис: Граѓаните преку големите протести побараа вистина и правда, но и Грција да се издигне уште повисоко
-
Палчо приложил уплатница од банка од денот на убиството на Вања - Обвинителството не ја прифатило како доказ