Менито на свадбата на Меси главна тема на социјалните мрежи
Фудбалерот Лионел Меси ќе се венча со долгогодишната партнерка Антолена Рокусо в петок во Росарија, нивниот роден град во Аргентина.
Аргентинските медиуми дојдоа до менито кој познатиот фудбалер и неговата вереница ги избрале.
Од ладни предјадења, гостите ќе можат да избираат меѓу разни видови шунки и сирења, додека главното јадење исто така, ќе биде од месо -аргентиснки стек, зачинети колбаси и пилешко на ориз. За оние кои не се љубители на месото обезбедено е суши.
Комплексот каде што е организирано случувањето ќе го чуваат 200 агенти. Голем екран ќе биде поставен над комплексот каде заинтересираните фанови ќе можат да следат што се случува на самата венчавка.
На венчавката се очекуваат голем број ѕвезди, како и цела екипа на фудбалскиот клуб Барселона. Се шпекулира дека на прославата ќе се појави и легендарниот Марадона.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена