-->
-->
Менди го продолжи договорот со Реал
-->
Францускиот фудбалер Ферлан Менди го продолжи договорот со Реал Мадрид, изјави денеска тренерот на клубот Карло Анчелоти.
Шпанскиот весник Марка минатата недела објави дека Менди треба да ја продолжи соработката до 2027 година, но Реал Мадрид не го прецизираше времетраењето на новиот договор.
Менди му се приклучи на клубот од Мадрид во 2019 година со договор кој истекува во јуни 2025 година.
„Многу сме среќни со него, тој го обнови договорот и работи многу добро. Како што реков претходно, неговото ниво на одбрана е многу високо“, изјави Анчелоти.
Во јануари оваа година Анчелоти го опиша 29-годишниот Менди како „најдобриот одбранбен лев бек во светот“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски