Живот
14. April 2022 - 12:19

„Меморија“ со концерт за сите генерации на 11 јуни на стадионот на АРМ

Секој концерт е посебна приказана – но концертите на „Меморија“ и дружбите со нив се незаборавни. Многу песни – уште повеќе спомени, но сега се мисли само на она што следува – нов концерт на отворено на 11.јуни на Стадионот на АРМ.

„Меморија“ направи бум со повратничкиот концерт пред 5 години, но бендот најавува нешто уште поголемо.

Сплотена енергија на неколку генерации како знак на заедништво и верба во вистинските вредности и музички и човечки!

Влезниците за концерот се пуштени во продажба и тоа по цена од 600 денари за FAN PIT и цена од 500 денари за PARTER.

Марјан Ников