Ин мемориам: Почина пратеник од македонското Собрание
Во осумдесет и осмата година од животот, на 13-ти овој месец, почина истакнатиот општественик и долгогодишен носител на повеќе општествено-политички функции Драгољуб Николовски – Ганди (1928 – 2016).
Ганди беше долгогодишен пратеник во Собранието на Македонија, секретар на Околискиот комитет на СКМ - Велес, претседател на Одборот за просветно-културни прашања на Републичкиот собор во Собранието на Македонија, претседател на Одборот за општествено-политички систем во Собранието, член на повеќе републички и сојузни комисии, организации и тела.
Имаше особено значајна улога како секретар на Републичката заедница за образование и секретар на Републичката заедница за научни дејности, при што даде нескромен, голем придонес за развојот на образованието и науката во Македонија.
Драгољуб Николовски – Ганди беше дипломиран историчар на Филозофскиот факулет во Скопје, професор по историја, а во текот на неговиот животен век беше и директор на основно училиште и на гимназија во Велес.
Добитник е на повеќе општествени признанија и признанија од институции. Добитник е на многу ордени меѓу кои е и „Орден на Републиката со бронзен венец“ и медали за работа и за храброст.
Ганди ќе биде запаметен како исклучително значајна личност за развојот на образовно-научната дејност во Македонија. Неговата мисија и влогот во оваа дејност е од исклучително важно значење. Посебен придонес има за развојот на археолошкиот локалитет Стоби и во поддршка за проекти од образованието, науката и културата, како и поддршка на странски стипендии и проекти во Македонија. Накратко, во македонската современа историја, тој ќе остане забележан како една од личностите-темелници на образовно-научната дејност во Македонија во текот на втората половина на 20 век.
Последна почит на Драгољуб Николовски ќе му биде оддадена утре со почеток во 10:30 часот во капелата на Градските гробишта Бутел, а погребот ќе биде извршен во 11:00 часот.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола