Ин мемориам: Почина познатата македонска режисерка

На 43-годишна возраст во Берлин денеска по долго боледување почина македонската режисерка на документарни филмови, Билјана Гарванлиева.
„Почитувани пријатели, денес нѐ напушти Билјана Гарванлиева. Имав чест и радост да помогнам и учествувам во реализацијата на нејзиниот последен видео документарен запис. Почивај во мир!“, напиша Балов додавајќи дека таа пред само три недели ги снимила последните кадри од новиот документарец.
Гарванлиева е авторка на документарните филмови „Девојчето со хармоника“, „Девојчето што бере тутун“ за Јуруците во Македонија и „Шивачки“, приказна за три жени кои работат како шивачки за странски фирми во Штип, што во 2010 ја освои главната награда „Срце на Сараево“ на Сараевскиот фестивал.
Сите нејзини филмови играа на бројни светски фестивали, каде што беа и наградувани.
Таа е авторка на сценариото на „Златната петорка“, долгометражното играно деби на Горан Тренчовски, кое следната недела ќе го затвори овогодинешниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.
Ново на Сител
-

Андоновски: Се заокружува проектот за Центар за побезбеден интернет во Македонија
-

Средба Ѓорѓиевски - Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој
-

Албанскиот премиер Рама реагираше по протестот и насилствата на опозиција, во кој се повредени 19 полицајци, а приведено е 21 лице
-

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал
-

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава
-

Кривична за советник од Штип: Барал пари „на рака“ од граѓани за пасоши, па си ги ставал во џеб
-

Стабилна е состојбата на повредениот во синоќешната сообраќајка кај Белви
-

ДИК едногласно усвои шест одлуки на првата седница
