Спорт плус
23. December 2017 - 13:08

ИН МЕМОРИАМ: Д-р Јосиф Наумовски (67г)

На 22.12.2017 год.,по кратко боледување, почина Др Јосиф Наумовски, доктор на медицински науки, истакнат интернист-кардиолог и еден од основоположниците на коњичкиот спорт во Македонија, хуманист и вљубеник во уметноста. 

Наумовски беше носител на неколку рекорди во коњичкиот спорт а ја извршуваше и функцијата претседател на Коњичката федерација на Македонија.
Погребот ќе се изврши во недела, на градските гробишта Бутел.